Бони и официјално е дел од Интер

42

Анж-Јоан Бони и официјално од денеска е нов играч на тимот на Интер. Екипата од Џузепе Меаца го претстави францускиот интернационалец како новитет, кој што пак треба да ја преземе улогата на прв напаѓач на тимот.

Бони како што е веќе познато доаѓа од тимот на Парма. Во својата дебитантска сезона во Серија А, Французинот одигра 37 натпревари и постигна 6 гола.

Она што е интересно да се напомене дека на неговиот трансфер инсистираше Кристиан Киву, тренерот на Интер во моментов, кој што соработуваше со напаѓачот додека беше дел токму од Парма.

ПретходноСите на тренинг, сите на кафе…. во Тиквеш тимска атмосфера на стартот на подготовките
СледноНов ден, нова шанса, но тежок противник: Линк за Македонија – Германија!