Верстапен со пол позиција во Силверстоун

18

Со фантастично извозен круг, Макс Верстапен предмалку ја освои пол позицијата за утршната трка за Големата награда на Велика Британија. На легендарниот Силверстоун, Верстапен забележа најдобро време од 1:24:892, со што беше за 0.103 побрз од Оскар Пиастри.

Од третата позиција утре ќе стартува Ландо Норис кој денеска заостана 0.118.

На стартот на денешните квалификации како што е тоа вообичаено за В.Британија се појави краток дожд кој го отежна возењето, а поради излетувањето на Колапинто имаше и црвено знаме.

 

ПретходноИсмајли ќе потпише за Торино
СледноИгор Жесус го засили Нотингем Форест