Игор Жесус го засили Нотингем Форест

61

Бразилецот Игор Жесус е нов играч на тимот на Нотингем Форест. Ова го соопшти предмалку самиот клуб објавувајќи ја својата најнова аквизиција.

Досегашниот член на Ботафого потпиша договор до јуни 2029 година, а бразилците пак јавуваат дека овој клуб како обештетување ќе добие 11 милиони евра.

Напаѓачот во изминатите две сезони за Ботафого даде 17 гола на 59 мечеви, од кои два на тековното Клупско Светско првенство кое што се одржува во САД.

Токму одличните игри на Игор на овој турнир очигледно беа пресудни за трансферот во Англија.

 

ПретходноВерстапен со пол позиција во Силверстоун
СледноОклахома оди на продажба: Станаа шампиони, па сега сакаат да ја продадат франшизата