Досегашниот играч на тимот на Емполи, искусниот дефанзивец Адриан Исмајли ќе потпише за екипата на Емполи.
Поточно, откако стана слободен играч летово, Исмајли можеше да бира каде ќе замине. Одбра и натаму да игра на највисоко ниво и покрај одличните понуди од Катар и ОАЕ.
Тој ќе потпише тригодишен договор, а со оглед на неговите 28 години влегува што се вели во зенитот на кариерата.
Косовецот кој што игра за Албанија беше дел и од екипата на Специја, а претходно одигра одлично и во тимот на Хајдук.