По вчерашниот убедлив пораз од Романија, нашата млада кошаркарска репрезентација до 18 години во женска конкуренција, претрпе и втор пораз на Б-Европското првенство во Литванија. Денеска во 2. коло од групата „А“ избраничките на селекторот Виктор Петровски немаа шанси против еден од главните фаворити во групата, селекцијата на Германија, која на крајот славеше со 85:37.
Германките беа убедливи во сите сегменти на играта и тоа добро се гледа и низ конечниот резултат. Во нашиот табор најефикасна беше Ања Начевска која самa постигна 21 поен од овие 37 со кои зваршија нашите кошаркарки. Кај селекцијата на Германија, Тимошченко заврши како најефикасна со 15 поени.
Утре нашите млади кошаркарки ќе го одиграат и третиот меч во групата, овој пат против Шведска.