Невес добил повик од семејството на Жота среде ноќ

184

Јасин Боно, голманот на мароканскиот тим Ал Хилал, ја опиша срцепарателната вечер пред натпреварот на Светското првенство против Флуминенсе кога двајца негови соиграчи, португалскиот играч Рубен Невес и Жоао Кансело, дознаа дека нивниот сонародник Диого Жота починал.

„Не е лесно бидејќи Рубен Невес е близок пријател на Жота. Тој беше многу потресен вчера во хотелот. Семејството на Жота го повика среде ноќ. Не можеше да спие“, рече Боно.

Најемотивниот момент од натпреварот помеѓу саудискиот и бразилскиот клуб беше едноминутното молчење за време на кое Рубен Невес и Кансело едвај можеа да ги задржат солзите.

„И Кансело сето тоа го поднесе тешко. Тоа беше нешто што нè погоди сите нас и му честитам затоа што и покрај сè, тој ја изврши и ја заврши својата работа на најдобар можен начин“, рече Боно.

Ал Хилал го заврши натпреварувањето оставајќи силен впечаток – од нерешен резултат против Реал Мадрид во групата, пласман во нокаут фазата, победа против Манчестер Сити во осминафиналето, па сè до можноста да игра против Флуминенсе во четвртфиналето.

ПретходноСаша Ѓорѓевиќ: Тео има голема душа и не заслужи така да заврши во репрезентацијата
СледноДечиќ го смени тренерот пред двомечот со Силекс