Новиот прволигаш Пелистер Волеј донесе засилување од САД

71

Новиот одбојкарски прволигаш во женска конкуренција, битолски Пелистер Волеј, амбициозно го започна летниот преоден рок. Битолските „зелено-бели“ денеска го претставија првото странско засилување во екипата, кое доаѓа од САД.

Станува збор за Шиник Никол МекЏи, која настапува на позицијата примач и која во Битола доаѓа од Универзитетот во Атланта. За МекЏи од таборот на Пелистер велат дека е одбојкарка која има огромни лидерски способности исполнети со неверојатна офанзивна моќ и тимски дух. Таа двапати била прогласувана за најкорисна одбојкарка на Универзитетот.

Од ОК Пелистер Волеј велат дека ова е само прво засилување, а во следниот период се очекува и уште некој новитет во амбициозниот проект.

ПретходноМладите кошаркарки до 18 години убедливо поразени и од Германија
СледноХорор повреда на Мусиала: Донарума во шок откако ја повреди ѕвездата на Баерн (ВИДЕО)