ПСЖ е супер силен: Победа над баварците за место во полуфиналето

103
фото: Bayern (X)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен се третиот полуфиналист на Светското клупско првенство откако славеа во Атланта против Баерн Минхен со 2:0 во натпревар обележан со головите на Дезире Дуе и Усман Дембеле и тешката повреда на Џамал ​​Мусијала.

Актуелните европски шампиони покажаа дека се вистинска фудбалска суперсила и уште во третата минута се заканија преку Дезире Дуе, но ударот на францускиот напаѓач заврши покрај мрежата.

На крајот од првото полувреме, Баерн се закани преку Хари Кејн, а не долго потоа, Александар Павловиќ испрати многу незгодна топка во шеснаесетникот на противникот. Мусијала се обиде да ја одбие, доволно за да го збуни Донарума, кој интервенираше со врвовите на прстите за да спречи топката да заврши во мрежата. Периодот на подобра игра на германскиот великан беше крунисан со гол на Упамекано, но истиот беше поништен.

Крајот на полувремето беше обележан со страшната повреда на Мусијала, поради која ќе го пропушти поголемиот дел од следната сезона.

На гол се чекаше до 78-та минута, кога Дуе ја проби одбраната на Баерн и му донесе водство на ПСЖ. Дембеле се погрижи во седната минута од продолжението да ја запоечати победата со гол за 2:0, откако Пачо и Хернандез заработија црвени картони за парижани.

ПретходноЈувентус го претстави големото засилување: Џонатан Давид пет години во Торино
СледноОтворен новиот Национален тренинг центар за спортско стрелаштво (ФОТО)