Македонскиот младински репрезентативец Стефан Петкоски Цимбаљевиќ е нов играч на тимот на Раднички Грагуевац. Левиот бек кој е роден 2005 година, доаѓа од тимот на Јединство Уб, а претходно беше дел и од екипите на Колубара, но и на Партизан и Телеоптик од каде што и потекнува.
Петкоски Цимбаљевиќ сега се надева на поголема минутажа во клуб кој што сериозно атакува на местата кои водат во Европа, и каде што може сериозно да се експонира.
Конкуренцијата нормално е голема, но младоста и талентот е на страната на Петкоски Цимбаљевиќ.