Одбојкарските репрезентации на Финска и Чешка ќе играат во финалето на Златната лига на ЦЕВ. Денеска во полуфиналните дуели на Ф4 турнирот во Брно, овие две селекции покажаа доминација во дуелите со своите ривали.
Финска во првото полуфинале со максимални 3:0 ја совлада Грција, која ќе биде наш клучен противник во квалификациите за ЕП овој август, додека домаќинот на финалниот турнир, Чешка, со 3:0 беше подобра од селекцијата на Израел.
Финалето и мечот за 3. место се на програмата утре. Македонија и оваа година настапи во Златната лига во која во основниот дел оствари две победи на шест одиграни средби и го освои 9. место.