Хорор повреда на Мусиала: Донарума во шок откако ја повреди ѕвездата на Баерн (ВИДЕО)

613

Најголемата ѕвезда на Баерн (М), Џамал Мусијала претрпе тешка повреда на левата нога на крајот од првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство меѓу неговиот Баерн и ПСЖ.

Германскиот играч од средниот ред се повреди во судир со голманот на европскиот шампион Донарума. Мусијала остана на земја, а потоа беше изнесен од теренот на носилки со рацете на лицето. Донарума беше шокиран по ударот.

Останува да се види за што конкретно се работи, иако повредата изгледа прилично сериозна.

ПретходноНовиот прволигаш Пелистер Волеј донесе засилување од САД
СледноРамадани ново засилување за дефанзивата на Тиквеш