Јунајтед се пофали со Диего Леон

105

Екипата на Манчестер Јунајтед летово има многу работа што се однесува до трансфер пазарот. Мора да се ослободи од еден куп скапо платени звезди кои се на излезна врата од Олд Трафорд. Рашфорд, Гарначо, Санчо, Ентони, Маласија, се оние за кои нема повеќе место во Јунајтед, а на нивно место пристигнуваат анонимни но талентирани и желни за докаживање играчи.

Еден од нив на Олд Трафорд денеска е промовиран. Тоа е Диего Леон, парагвајски интернационалец кој што има само 18. години. Доаѓа од екипата на Серо Портења за која има одиграно четириесетина сениорски мечеви и постигнато шест гола.

За него Јунајтед плати 3.5. милиони фунти, а сумата може да се накачи до цели осум во зависност од учинокот на левиот бек.

Нормално, на ова момче ќе му треба време да се вклопи во тимот, да добие шанса, а ќе можна е и евентуална позајмица од неколку месеци.

 

ПретходноНов ден, нова шанса, но тежок противник: Линк за Македонија – Германија!
СледноПоранешната олимписка шампионка нема да оди на СП поради проблеми со антидопинг контролата