Леклер прв на третиот тренинг во Силверстоун

31

Возачот на Ферати, Шарл Леклер денеска на третиот тренинг во рамките од новата трка во Формула 1 која што се вози за Големата награда на Велика Британија имаше најбрзо време.

Леклер на третото појавување викендов на Силверстоун имаше резултат од 1:25:498, додека пак на втората позиција се пласираше Оскар Пјатри од Мекларен со заостанување од 0.068. Трет пак стигна актуелниот светски првак Макс Ферстапен од Ред Бул со 0.087 заостанување.

Официјалните квалификации се денеска од 16:00 часот, додека пак главната трка е закажана утре во истото време.

FOTO F1 FACEBOOK

ПретходноПоранешната олимписка шампионка нема да оди на СП поради проблеми со антидопинг контролата
СледноКајл Вокер ќе игра во Барнли