Екипата на Башкими додаде ново име во својот „ростер“ за предизвиците во ПМФЛ-лигата. Недим Хаџиќ, напаѓач кој доаѓа од Босна и Херцеговина ќе биде засилување во нападот на повратникот во мак-фудбалска елита.
26-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на хрватски Оријент, а има играно во екипите на Сараево, Младост Какањ, Слобода Тузла, Вележ и ГОСК. Во неговото интернационално искуство стојат настапите во Радомље од Словенија, како и Славен Белупо од Хрватска. Кратко бил дел и од португалски Лешоеш.
Хаџиќ настапувал за младите категории на босанската репрезентација, поточно за селекциите на У21 и У19.
Башкими денеска стартува со подготовките за новата сезона. Денешниот собир ќе биде отворен за јавноста.