Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Адријана Будимир е нов тренер на српскиот прволигаш Војводина.
Како што објавија од клубот од Нови Сад на социјалните мрежи, Будимир е поставена за нов стратег на женскиот состав на Војводина со одлука на управниот одбор.