Со фантастично извозен круг, Макс Верстапен предмалку ја освои пол позицијата за утршната трка за Големата награда на Велика Британија. На легендарниот Силверстоун, Верстапен забележа најдобро време од 1:24:892, со што беше за 0.103 побрз од Оскар Пиастри.
Од третата позиција утре ќе стартува Ландо Норис кој денеска заостана 0.118.
На стартот на денешните квалификации како што е тоа вообичаено за В.Британија се појави краток дожд кој го отежна возењето, а поради излетувањето на Колапинто имаше и црвено знаме.