Во типичен балкански стил, црногорскиот тим на Декиќ кој што е пак противник на тимот на Силекс во првото квалификациско коло од Лигана на Конференции, го смени тренерот.
На само пет дена од првиот од двата дуела со Силекс, црногорскиот состав го промени кормиларот и на местото на Ненад Брновиќ седнува Небојша Јандриќ. Како што јавуваат црногорските медиуми Брновиќ во својот договор имал клаузула која што вели дека доколку се појави подобра опција за него, дека истата може слободно да ја искористи, што и се случи.
Од друга страна пак, Јандриќ веќе еднаш бил на чело на Дечиќ, а има искуство со водење на клубови во Србија и Кипар.
View this post on Instagram