Во сезоната на најголемиот клупски успех, НБА шампионот Оклахома Сити Тандер може да го промени сопственикот.
Инвестициска група предводена од Клејтон Бенет ги купи Суперсоникс во 2006 година за 350 милиони долари и го пресели тимот во Оклахома Сити. Сега инвеститорите би можеле да го искористат растот на вредноста на франшизата по титулата и со изградбата на новата арена вредна милијарда долари до 2028 година да го извлечат максимумот од продажбата.
Одлуката би можела да се одложи додека не се заврши Арената, што би ја зголемило вредноста на клубот. Тандер беа проценети на околу 3,5 милијарди долари во текот на сезоната. Освојувањето на шампионатот ја зголеми таа сума на 4 милијарди долари.