Министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на новиот Национален тренинг центар за олимписко спортско стрелаштво со воздушно оружје на 10 метри.
Тренинг центарот е лоциран во подземниот дел на салата „Наум Наумовски Борче“ во Скопје и е комплетно опремен со најсовремена опрема според стандардите на Светската стрелачка федерација.
Министерството за спорт го обезбеди најголемиот дел од финансиските средства потребни за реализација на овој проект кој доби поддршка и од европската и светската стрелачка федерација како и од домашни спонзори и поддржувачи на стрелаштвото.