Парти се соочува со тешки обвинувања за силување

294

Томас Парти од Арсенал се соочи со сериозни обвиненија, откако три жени го обвинуваат за вкупно шест точки од обвинение за наводно силување и сексуален напад.

Се вели дека инцидентите се случиле помеѓу 2021 и 2022 година, а истрагата е во тек. Наскоро се очекува судска постапка. Арсенал, клубот каде што играше Парти до неодамна, издаде кратко соопштение:

„Договорот на играчот истече на 30 јуни. Поради тековниот правен процес, клубот не е во можност да даде понатамошен коментар за случајот“.

Парти се приклучи во Арсенал од Атлетико Мадрид во 2020 година за 50 милиони евра.

ПретходноПотег кој воодушеви: Дембеле голот го прослави во стилот на починатиот Жота (ВИДЕО)
СледноАл-Наср преговара со агентот на Родриго, тој сака во Премиер лигата