Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул пристигнаа на погребот на Жота и неговиот брат

525

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува во 11:00 часот утрово.

Поранешните ривали на Жота од Премиер-лигата, меѓу кои Бернардо Силва, Бруно Фернандес и Диого Далот, исто така пристигнаа во градот Гондомар.

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше придружуван од менаџерот Арне Слот и соиграчите Алексис Мекалистер, Конор Бредли, Ендру Робертсон, Дарвин Нуњес, Кертис Џонс, Харви Елиот, Ватару Ендо, Федерико Киеза и сегашниот голман на тимот, Квивин Келехер. Поранешните капитани Џордан Хендерсон и Џејмс Милнер исто така присуствуваат. Исто така, тука е и Бразилецот Фабињо, уште еден поранешен соиграч на Жота во Ливерпул, како и Леандро Дендонкер, поранешен соиграч на Португалецот во Вулверхемптон.

Веднаш по елиминацијата на Ал-Хилал од Светското клупско првенство, Жоао Кансело и Рубен Невес веднаш ги напуштија САД за Португалија.

Фотографии можете да погледнете на ЛИНК 1 и ЛИНК 2. 

ПретходноОчекуван гест: Ливерпул ќе го исплати целиот договорот на Жота
СледноАлкараз откри за што никогаш не зборува со Ѓоковиќ