Потег кој воодушеви: Дембеле голот го прослави во стилот на починатиот Жота (ВИДЕО)

277

Парижаните обезбедија полуфинале на Светското клупско првенство, но денешната победа над Баерн (М) од 2:0 ќе остане запаметена и по прославата на голот на усман дембеле.

Французинот по постигнатиот гол за 2:0 седна на теренот и го прослави голот преправајќи се дека игра Плејстејшн, што секако е прославата што прв ја демонстрираше Диого Жота.

Дембеле го посвети овој гол на играчот на Ливерпул кој трагично почина пред два дена во Шпанија заедно со својот помлад брат. Прв на Дембеле му пристапи соиграчот на Жота од репрезентацијата, Витиња, кој му се заблагодари на Французинот што на таков начин се сети на трагично повредениот Диого.

ПретходноБабунски само што потпиша за Ниреѓихаза, а веќе постигна гол (ВИДЕО)
СледноПарти се соочува со тешки обвинувања за силување