Денеска е еден од најтешките денови во светот на фудбалот. Семејството, пријателите, сегашни и некогашни соиграчи, фанови, бројни клубови…дојдоа за последен пат да се збогуваат со Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Двајцата животот го загубија во собраќајна несреќа.
Погребот започна во 11 часот, а тагата и болката се големи. Никој не може да се помири со загубата на Жота и Андре.