Кошаркарот на Чикаго Булс, Џош Гиди сè уште очекува договор од Чикаго во вредност од 30 милиони долари по сезона. Кошаркарот и неговите претставници стојат на својот став и чекаат одговор од Чикаго.
Моментно се водат конструктивни разговори, но тимот на Гиди инсистира на договор сличен на оној на Џејлен Сагс од Орландо од 30 милиони долари годишно.
Во својата прва сезона со Чикаго , Гиди настапи во 70 натпревари, постигнувајќи просек од 14,1 поени, 8,1 скока, 7,2 асистенции и 1,2 украдени топки.