За историја: Во трејдот на Дурaнт во Хјустон вклучени дури 7 НБА тимови

186
Фото: Феникс Санс/Твитер

Трансферот на Кевин Дурант во Хјустон е одамна готова работа, но без разлика како ќе заврши неговиот престој во Тексас, таа размена ќе остане во историјата на НБА лигата. Имено, оваа размена во која е вклучен Дурант е првата размена во која беа вклучени дури седум различни тима.

Покрај Кевин Дурант, Хјустон го доби и Клинт Капела, а Феникс, од каде што дојде Дурант сега ги има Џејлен Грин, Дилон Брукс, Хаман Малуах, Рашид Флеминг, Коби Бри, Декван Плауден и еден избор од втората рунда.

Бруклин, Голден Стејт, Атланта, ЛА Лејкерс и Минесота исто така учествуваа во размената.

Нетсите на крајот добија два пика од втората рунда, Вориорс ги добија Алекс Туохи и Џахмаи Машак, Атланта доби парична компензација, размена на пик од втората рунда и Дејвид Роди, Лејкерси го добија Аду Тиеро, а Тимбервулвс го добија Роко Зикарски, два пика од втората рунда и кеш.

ПретходноАлкараз го совлада Рубљов и закажа четвртфинале на Вимблдон
СледноПозајмицата договорена: Фенербахче се засили со Џон Дуран од Ал-Наср