Порто има нов тренер

96

Екипата на Порто има нов тренер. Тоа е Франческо Фариоли кој што како што наведуваат медиумите во Португалија, потпишал двегодишен договор со клубот.

Порто ја искористи можносѕа што Фариоли си замина од Амстердам, каде што до неодамна го водеше тимот на Ајакс, но по неуспехот да ја освои титулата реално беше да си замине.

Италијанецот ќе биде претставен утре, а на церемонијата ќе присуствува и претседателот на Порто, Андре Виљас-Боаш.

Фариоли го наследува Мартин Анселми, кој беше на клупата на Порто шест месеци без да ги постигне резултатите што ги очекуваше раководството на клубот.

 

ПретходноБадел 1862 потпиша Американка која минатата сезона беше МВП во Англија
СледноПетар Ристиќ ќе биде првото странско засилување за Пелистер летово