Јуниорките претрпеа уште еден пораз на Европското првенство во Литванија

63
фото: fiba.basketball

Младите кошаркарки до 18 години и во третиот настап на Европското првенство од дивизијата „Б“ претрпеа убедлив пораз. Вечерва избраничките на селекторот Петровски беа поразени од Шведска со 81:41, со што останува да се чека дуелот со Ирска во кој ќе се обидеме да дојдеме и до првиот успех.

Вечерва одигравме рамноправно само во првите неколку минути од мечот, по што Швеѓанките комплетно ја преземаа контролата. Во втората четвртина ни дозволија да постигнеме само 4 поени.

Во нашата селекција денеска најефикасна беше Начевска која заврши со 17 поени, додека Ива Колева и Јана Пислевска постигнаа по 9 поени.

ПретходноФратези оди на операција, Интер се мисли дали да го продаде
СледноШкендија пристигна во Велс пред првиот меч со ТНС во ЛШ (ФОТО)