Кубанскиот интернационалец Рение Табоада е новото име во екипата на Бенфика. Поранешениот член на актуелниот македонски првак, Пелистер е замена за Филип Талески (се врати во Вардар 1961) во тимот од Португалија.
Тој игра на позицијата лев бек, а има и искуство во шампионатот во оваа земја.
Табоада по три сезони во Фредериција оди во Лисабон и веќе е претставен пред навивачите на Бенфика. Дресот на Пелистер го носеше во сезоната 2021/22, на десет меча постигна 53 гола.