Ландо Норис прв во Силверстоун

56

Во многу тешка трка, по влажна патека, Ландо Норис обезбеди победа на денешната трка во Формула 1, за Големата награда на Велика Британија. Домашниот возач беше најбрз на легендарната патека Силверстоун, додека пак на втората позиција со заостанување од 6.812 се пласираше Оскар Пјастри неговиот колега од Мекларен.

На третата позиција помалку изненадувачки со големо заостанување од 34.742 се пласираше ветеранот Нико Хулкенберг од Кик Заубер. Тој за прв пат обезбеди пласман на подиумот по извозени неверојатни 283 трки во Формула 1.

Во генералниот пласман трката се повеќе се загустува. Пиастри е лидер со 216 бодови, но сега Норис има само 15 бода заостанување. На третата позиција засега е Макс Верстапен.

 

ПретходноНови Пазар доведе играч на Милан
СледноОмер Мемеди ќе се бори за бронза на ЕП за борачи до 20 години