Интер Мајами го победи Монтреал со 4:1 во натпревар од МЛС. Главна ѕвезда на вечерта беше Лионел Меси, кој постигна два гола и асистираше за уште еден, потврдувајќи ја својата класа уште еднаш. Меси прво постигна гол во 40-тата минута, а потоа повторно беше стрелец во 62-та минута, постигнувајќи ги двата гола по брилијантно дриблирање како во неговите најдобри денови. Погледнете ги головите на Меси ТУКА и ТУКА.
The greatest of all time 🐐 pic.twitter.com/gr4vRt7QHX
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 6, 2025
Don Leo Messi dice presente 🐐🎯✨ pic.twitter.com/g1xnGlEWjt
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 6, 2025
Двата пати му асистираше неговиот соиграч Луис Суарез. Иако гостите од Монтреал се обидоа да возвратат, Интер Мајами беше супериорен, а заедно со головите на Меси, на листата на стрелци се запишаа и Тадео Аљенде и Теласко Сеговија. Оваа победа за Мајами доаѓа по неуспехот на Светското клупско првенство, каде што беа елиминирани од Пари Сен Жермен со 4-0.
За Меси, ова е уште еден потсетник за неговиот неоспорен квалитет дури и на 39-годишна возраст, додека Суарез ја покажа својата совршена соработка со својот соиграч од Барселона. Интер Мајами сега има четири победи во последните пет натпревари и продолжува да се бори за високи позиции на табелата во МЛС.