Петар Ристиќ ќе биде првото странско засилување за Пелистер летово

1264

Интернационалецот од Србија, Петар Ристиќ ќе биде првото странско засилување за тимот на Пелистер летово.

Битолчани ги стартуваа подготовките во домашни услови пред неколку дена, работат со забрзано темпо, а сега е време и за новитети во екипата.

Ристиќ е напаѓач кој што „оперира“ по десната крилна позиција. Има 25 години, и последно бил дел од тимот на Трајал, каде што имал топ сезона со осум гола и осум асистенции.

Претходно настапувал и за екипите на Мачва, Радник, Раднички Ниш, Јагодина… се работи за играч кој има настапи за У19 репрезентацијата на Србија.

Ристиќ секако дека ќе биде засилување за Пелистер во сезоната во која битолчани планираат да одиграат далеку подобро одколку минатата и да атакуваат на горниот дел од табелата.

 

ПретходноПорто има нов тренер
СледноБаерн и американците организираат транспорт на Мусиала до Германија