Поскапо е пивото отколку билетот: На полуфинале на Светското клупско првенство за 13 долари

178

Билетите за натпреварот Челзи – Флуминенсе во полуфиналето на Светското клупско првенство паднаа од 474 долари на 13 долари. ФИФА не одговори на прашањето дали ова се смета за фер кон оние кои веќе купиле билети.

Билетите за овој меч сега се 35 пати поевтини. Тимовите ќе играат во полуфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА во вторник на стадионот „Метлајф“ во САД.

Стандардната цена на билетот за натпреварот во саботата падна на 13,40 долари, во споредба со 473,90 долари пред помалку од 72 часа. Ова значи дека најевтиниот билет за ова полуфинале сега може да биде поевтин од купување храна или пиво на самиот стадион.

ФИФА не даде конкретен одговор дали навивачите кои претходно купиле билети по повисоки цени можат да добијат поврат на парите или попуст.

ПретходноОсвои титула без да заигра ни минута, сега на дебито тргна со 14 поени (ВИДЕО)
СледноКапинковски задоволен од првата недела, Пелистер закажа пет „контроли“