Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше во осминафиналниот меч против Андреј Рубљов и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон. Алкараз стигна до победата по пресврт со резултат 3:1 во сетови.
Рубљов се покажа како многу добар противник и успеа да го намачи активниот шампион на Вимблдон. Во третиот и четвртиот сет Алкараз беше на високо ниво и успеа да го добие мечот во своја корист.
Во четвртфиналето шпанскиот тенисер ќе се соочи со британецот Камерон Нори.