Бадел 1862 потпиша Американка која минатата сезона беше МВП во Англија

148

Екипата на Бадел 1862 започна со создавање на ростерот за новата сезона во која главното тренерско место ќе му припадне на Дарко Димитријевиќ.

Ново име во редовите на „баделки“ е Американката, Линдзи Клири која игра на позиција крилен центар и центар, а минатата сезона била МВП на шампионатот во Англија. Клири доаѓа од тимот на Брен Булс, нејзиниот просек е 19,5 поени, 10,7 скока и 2,8 асистенции на 18 одиграни меча.

„Се радувам што ќе играм за Бадел, очекувам да го пронајдам мојот ритам со тимот и да придонесам за победничка сезона. Благодарна сум што можам да ја донесам мојата работна етика која пак ми донесе награди за настап на Ол Стар и МВП во претходните сезони. Моето искуство ме научи да се фокусирам на она што можам да го контролирам: мојот став, напор и комуникација. На теренот, се надевам дека ќе ги инспирирам моите соиграчи да работат напорно и да играат едни за други. Дополнително, би ги ценела можностите да тренирам млади играчи, се надевам дека моето искуство ќе биде добредојдено. Надвор од теренот, се радувам што ќе доживеам друга култура, мојата желба е да научам повеќе за ова ново место“, изјави новата кошаркарка на Бадел 1862. 

Претходно Бадел 1862 ги потпиша Љубица Бошкова,Јована Петрушевска и Марија Николов.

ПретходноКачанов и Фриц се дел од четвртфиналето на Вимблдон
СледноПорто има нов тренер