Големото разочарување за тимот на Јувентус, бразилецот Даглас Коста е информиран од страна на управата на клубот дека тренерот Игор Тудор не смета на него за новата сезона и дека тој може слободно да си побара нов клуб.
Шокирачки, најголемото засилување за Јуве од минатото лето, кое пристигна од Астон Вила и кој чинеше 50 милиони ерва, одигра само петстотини минути на 19 мечеви.
Самиот Луис според пишувањата сака да замине на друго место за да може да игра почесто и да го осигура своето место во репрезентацијата за следниот Мундијал кој е догодина. Враќање во Англија секако е опција, се спомнува тимот на Нотингем Форест, како и размена со Манчестер Јунајтед во која во Торино би дошол Џејдон Санчо.
FOTO DOUGLAS LUIS X