Меси како во најдобрите денови: Ја издрибла цела одбрана за две ремек дела (ВИДЕО)

222

Интер Мајами го победи Монтреал со 4:1 во натпревар од МЛС. Главна ѕвезда на вечерта беше Лионел Меси, кој постигна два гола и асистираше за уште еден, потврдувајќи ја својата класа уште еднаш. Меси прво постигна гол во 40-тата минута, а потоа повторно беше стрелец во 62-та минута, постигнувајќи ги двата гола по брилијантно дриблирање како во неговите најдобри денови. Погледнете ги головите на Меси ТУКА и ТУКА.

Двата пати му асистираше неговиот соиграч Луис Суарез. Иако гостите од Монтреал се обидоа да возвратат, Интер Мајами беше супериорен, а заедно со головите на Меси, на листата на стрелци се запишаа и Тадео Аљенде и Теласко Сеговија. Оваа победа за Мајами доаѓа по неуспехот на Светското клупско првенство, каде што беа елиминирани од Пари Сен Жермен со 4-0.

За Меси, ова е уште еден потсетник за неговиот неоспорен квалитет дури и на 39-годишна возраст, додека Суарез ја покажа својата совршена соработка со својот соиграч од Барселона. Интер Мајами сега има четири победи во последните пет натпревари и продолжува да се бори за високи позиции на табелата во МЛС.

 

ПретходноКуртоа не дозволи продолженија: Реал со 3:2 ја совлада Борусија (Д) за полуфинале
СледноНојер му се пуштил на Донарума после инцидентот