Младиот македонски борач Омер Мемеди ќе с ебори за медал на европското првенство за млади борачи до 20 години кое се одржува во Италија. Мемеди успеа во репасажот да го совлада Турчинот Онен и сега останува да се бори за медал.
Претходно во категоријата до 92 килограми тој оствари победа над Албанецот Пепоши, а потоа загуби од Арсункаев од Унгарија.