За првпат во својата историја, машката одбојкарска репрезентација на Финска е освојувач на Европската Златна лига на ЦЕВ. Во финалниот меч на завршниот турнир во Брно, вечерва Финците со 3:1 (24-26, 26-24, 25-15, 25-23) славеа против домаќинот Чешка и го направија најголемиот успех во ова натпреварување.
Чешка почна одлично го доби првиот сет, но потоа како да застана. Финците имаа подготвено рецепт за злато и во следните три сета успеаја да го надиграат противникот и пред нивните навивачи да им го земат златото. Чешка е двократен освојувач на ова натпреварување (2004 и 2022).
Најдобар поентер во финалето беше Лука Мартила со 23 поени.