Досегашниот член на тимот на Воска, Хабибула Аскар е нов играч на тимот на Башкими.
Интернационалецот од Авганистан, со пасош на Шведска, по авамтурата во Охрид, се сели во Куманово, каде што следната сезона ќе настапува за Башкими.
Левиот бек кој што има во моментов 25. години има настапувано за неколку шведски нисколигаши, а во Воска пристигна во моментот кога овој клуб се бореше за опстанок. Сите знаеме како заврши таа приказна, тимот од Охрид не го доврши минатогодишниот шампионат, а Аскар очигледно дека нема ништо против да биде дел од ПМФЛ и понатаму.















