Македонската женска младинска селекција денеска ја напушти базата во Скопје. Селекторот, Симе Симовски и неговите избранички утре ќе пристигнат во Црна Гора, земјата домаќин на ЕХФ ЕУРО.
На пат кон Црна Гора, Македонија ќе го одигра последниот пријателски натпревар, вечерва ќе ги одмери силите со Косово, соопштија од РФМ.
На Европското првенство 2025, кое ќе се одржи од 09 до 20 јули во Подгорица, нашата репрезентација е во група со Унгарија, Полска и Чешка.
Распоред на натпревари:
09.07.2025 – 19:30 ч. Унгарија – Македонија
10.07.2025 –14:30 ч. Македонија Полска
12.07.2025 – 19:30 ч. Чешка – Македонија