Шок од Битола: Раул Алонсо го откачи Пелистер!

761
Фото: Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Пелистер во новата сезона ќе има нов шеф на стручниот штаб. Раул Алонсо одлучи да ја напушти Битола и покрај тоа што има договор. Пред неколку дена „Билд“ објави дека тој ќе биде тренер на Лајпциг, а денеска од таборот на првакот велат дека Шпанецот поради приватни причини побарал да се врати во Германија. Деталите за вистинската разделба ќе бидат познати наскоро.

„Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот кој поради приватни причини побара да се врати во Германија.

Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму“, порачаа од Битола.

Алонсо дојде во Битола по бројните промени на тренерското место во Пелистер и хаосот кој настана. Шпанецот успеа да му даде индетитет на тимот, но на последниот меч против Вардар 1961 видовме дека во битолскиот тим тој не се почитува толку многу, дел од играчите тоа го покажаа на терен.

ПретходноБорусија (Д) со 100 милиони евра од Светското првенство планира да купува нови играчи
СледноДонарума побарал помош од психолог по инцидентот со Мусиала