Резултатите на македонската фудбалска репрезентација во моментов се во нагорен тренд. Во квалифиакциите за Мундијалот во САД, Мексико и Канада, Македонија во моментов е прва на табелата со осум бода од четири одиграни мечеви. Ова секако е препознаено како поизитивен момент од секој аспект, пред се од ФИФА листата која што секој месец ги мери резултатите на националните тимови.
А нашите во моментов се за пофалба, па не треба да изненади што по јунското реми со Белгија на домашен терен од 1:1, и победата на гостински над Казахстан со 0:1, ни донесоа прогрес.
Поточно, според проекциите за најновата ФИФА листа која што излегува в четврток на 11 јули, Македонија ќе скоке на цели пет места. Во моментов сме 67. место на листата, а од четврток ќе бидеме на 62.
Квалификациите продолжуваат во септември. На домашен терен го пречекуваме Лихтенштајн, а потоа во октовмри одиме во Белгија.










