Внимание: ТНС лани играше во лигашката фаза во ЛК!

115

ТНС е убедливо најдобриот клуб во Велс. Досега 17 пати бил шампион на својата земја, а утре против Шкендија ќе го одигра својот 80-ти европски натпревар.

Дека Велшаните и тоа како се сериозен противник, доказ е тоа што лани се случуваше во лигашката фаза во Лигата на Конференции.

Имено ТНС како шампион на Велс во квалификациите во ЛШ прво го мина Дечиќ, сегашниот ривал на Силекс. Потоа беше елиминиран од Ференцварош, а потоа и од Петрокуб во Лигата на Европа, но сепак играше плеј-оф во Лигата на Конференции и успеа да го елиминира Паневезис од Литванија.

И така се најде во Лигашката фаза во ЛК, каде одигра шест меча и тоа со Фиорентина (0:2), Ѓургарден (0:1), Астана (2:0), Шамрок Роверс (1:2), Панатинаикос (0:2), Цеље (2:3). На крајот заврши на 32.место во ЛК и тоа пред Динамо Минск, Ланре, Ласк и Петрокуб.

Сето ова е доказ дена ТНС воопшто не е наивен противник, никако, и дека Шкендија ако сака да ја мине оваа пречка ќе мора на двата меча, утре во Освестри и следната недела во Скопје, да го даде својот максимум.

ПретходноШкендија утре по 14-ти пат излегува во Европа, досега трипати играла плеј – оф во ЛЕ, но нема групна фаза!
СледноРекорден трејд и добредојде од Хјустон за Кевин Дурент