Раул Алонсо го напушти Пелистер и се пресели во Германија. Шпанскиот стратег ја прифати понудата на Лајпциг, а одлуката како што вели тој и од таборот на актуелниот првак, е заоснована на семејни причини.
Тој во Пелистер дојде во ноември 2024 година, успеа да донесе победи во Лигата на шмпиони и да ја одбрани титулата во Супер-лигата.
,,Денес морам да ви соопштам дека прифаќам нов професионален предизвик и си заминувам од Пелистер. Оваа одлука беше тешка за мене, но на крајот е вистинската што треба да ја донесам и е заснована на семејни причини.
Она што го доживеавме заедно беше нешто навистина посебно. Шампионската титула , нашето патување во Лигата на шампионите , еуфоријата во салата, вашата поддршка, неверојатни натпревари и моменти!
Ви благодарам за секој момент на поддршка. Вие сте неверојатни!”, напиша Алонсо, кој потпиша двегодишен договор со бундес-лигашот.
Тој има искуство во Германија, пред да дојде во Пелистер го водеше тимот на Ерланген.










