СКП полуфинале: Челзи е на чекор до финалето, ама се прашува и Флуминензе!

87

Вечерва во 21 часот по македонско време, ќе започне првото полуфинале на Светското клупско првенство. На стадионот “МетЛајф“ во Њу Џерси, во битка за големото финале се среќаваат Челзи и Флуминензе, тоа ќе биде англиско – бразилска битка а победник може да има само еден. Второто финале на програмата е утре а се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид.

За вечерва нема дилеми дека Челзи ја има фаворитската улога, тимот на Енцо Мареска е на чекор до завршниот меч, ама секако дека се прашува и Флуминензе на Тиаго Силва, искусниот стопер кој некогаш беше дел токму од тимот од Лондон.

За Челзи ова ќе биде трет меч против клуб од Бразил на ова Светско клупско првенство. Во 1/4 финалето “сините“ беа подобри од Палмеирас со 2:1, но затоа во групната фаза беа поразени од Фламенго со 1:3.

Да, Челзи како што рековме е фаворит, ама опасно е да се потцени составот на Флуминензе, кој во осминафиналето го елиминираше Интер, за да потоа беше подобар и од Ал-Хилал на Симоне Инзаги.

Во секој случај се очекува супер интересен меч, победникот ќе оди во големото финале.

ФОТО: ФИФА Ворлд Клубс Куп/Х

ПретходноФФМ им посака среќа и успех на нашите клубови во фудбалска Европа!(ФОТО)
СледноВардар доби место во групната фаза во Европската лига, Алкалоид ќе игра квалификациско коло!