Филип Антовски ќе биде следното засилување за Пелистер

911

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Антовски е на пат за Битола. Ќе стане член на екипата на Пелистер, откако мина неколку месеци во таборот на Брера.

Некогашниот голем талент на Вардар, кој што дел од својата кариера ја мина и во екипата на Динамо Загреб, сега истата ќе проба да ја возобнови со игри во битолскиот првилигаш.

Своевремено беше и капитен на нашата млада репрезентација, а стави параф и на договор со екипата на Австрија Виена. Играше за вториот тим на овој клуб, играше и на позајмица во Истра, па во Карвина, имаше и обид во Бугарија во Славија Софија. Се на се, колоритна досегашна кариера на момчето кое што ветуваше многу во неговите младински денови, а да се надеваме искрено дека токму во дресот на Пелистер ќе ја врати некогашната форма.

 

ПретходноСедлоски ја бара третата победа во Европа со Вардар (ВИДЕО)
СледноАлкалоид ги дозна потенцијалните противници за Европската Лига