Денеска со првите мечеви од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, стартува новата сезона во најквалитетно европско клупско натпреварување.
Се разбира дека нас најмногу не интересира што ќе направи нашиот шампион, тимот на Шкендија во Велс, а исто така интересно ќе биде да видиме како ќе одигра Димитар Митровски во дресот на Олимпија против Каират на свој терен во Љубљана. Да потсетиме дека овој клуб плати речиси милион евра за да го донесе од Вараждин.
Ова се двојките за денеска:
КуПС (ФИН) – Милсами (МОЛ) 17.00 ч
Ибериа (ГРУ) – Малме (ШВЕ) 18.00 ч
Ноа (ЕРМ) – Будуќност (Ц.ГОР) 18.00 ч
Левадија (ЕСТ) – РФС (ЛЕТ) 18.30 ч
Олимпија (СЛО) – Каират (КАЗ) 19.00 ч
Дрита (КОС) – Диферданж (ЛУК) 20.00 ч
ТНС (ВЕЛ) – ШКЕНДИЈА (МКД) 20.00 ч
Викингур (Ф.ОСТ) – Линколн (ГИБ) 20.00 ч
Егнатиа (АЛБ) – Бреидаблик (ИСЛ) 21.00 ч
Виртус (С.МАР) – Зрињски (БИХ) 21.00 ч
ФОТО:НК Олимпија/Х