Ова се трите дреса со кои Вардар ќе игра следната сезона (ФОТО)

737

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, ФК Вардар, денеска освен што промовираше нови спонзори за следната сезона, ги претстави и трите гарнитури дресови со кои тимот ќе игра следната натпреварувачка сезона.

Покрај традиционалниот црвено-црн дрес, тука е и белиот со кој тимот играше и минатата сезона, додека третата гарнитура на Вардар за првпат во историјата ќе биде жолта.

Меѓу спонзорите кои ќе бидат на дресот ќе биде и компанијата Алкалоид која застана зад фудбалскиот гигнат на Македонија.

ПретходноТимот на Велс доживеал судар
СледноЛШ: Шкендија “извади“ 0:0 во Велс, на реваншот во Скопје ќе се решава патникот во следната рунда!