Европската ракометна федерација излезе со парични казни за клубови и федерации поради пропусти. На списокот се најде АЕК, кој овој пат заработи нова парична казна.
„По проблемите со однесувањето на гледачите на полуфиналето на Европскиот куп за мажи на ЕХФ помеѓу РК Извиѓач и АЕК Атина беше покрената дисциплинска постапка поради неовластено влегување на теренот од страна на двата тима. Понатаму, навивачите на РК Извиѓач фрлаа повеќе предмети на теренот за време на натпреварот.
Ракометниот суд изрече казна од 3500 евра за РК Извиѓач и АЕК Атина. Дополнително, казна од 4000 евра им е изречена на РК Извиѓач поради несоодветно и опасно однесување на гледачите. Во сличен случај на проблеми со гледачите, романскиот клуб Дунареа Браила е казнет со 4000 евра поради навивачите кои истуриле вода врз судиите“, се вели во соопштението на ЕХФ.
За постетување, АЕК е суспендиран две години, една година условно, од сите натпреварувања под капата на ЕХФ, откако на вториот финален меч против Алкалоид одби да излезе на терен. Титулата во ЕХФ Европскиот Куп му припадна на македонскиот тим, а истата ќе ја добие на првиот европски меч во новата сезона.
Дисциплинска постапка е покрената против федерации на Хрватска и Полска бидејќи ниту еден претставник од споменатите федерации не бил присутен на работилницата за мажи на EHF EURO 2026, која се одржа по ждрепката за финалниот турнир во мај во Данска. Учеството беше задолжително и како резултат на тоа, ракометниот суд изрече казна од 1500 евра за двете федерации.
Казна од 2000 евра е изречена на Естонската ракометна федерација за непочитување на барањата за лиценцирање на тренери на ЕХФ. Половина од казната е изречена врз основа на суспензија.