Алкалоид по освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп одлучи да оди ниво погоре. Тимот од Автокоманда аплицираше за Европската лига, а таму ќе треба да игра едно квалификациско коло за да се најде во групната фаза.
Европската куќа на ракометот ја објави и листата на носители во пресрет на ждрепката, во која македонскиот состав се наоѓа меѓу неносителите.
Ждрепката е закажана за 15 јули, а потенцијални ривали на Алкалоид во оваа квалификациска рунда се: Хановер (Германија), Маритимо (Португалија), Торелавега (Шпанија), Берн (Швајцарија), Малме (Шведска), Чобри Глогов (Полска), Горење (Словенија), Брага (Португалија) и Стјарнан (Исланд).